Грција за првпат во историјата не влезе во финалето на Евровизија


Првото полуфинале на 61. избор за „Песна на Евровизија“ се одржа вчера во „Глоуб арената“ во Стокхолм, а жирито и публиката од 18 земји ги избраа првите десет финалисти.

Credits: Thomas Hanses (EBU)

Credits: Thomas Hanses (EBU)

Овие земји ќе се натпреваруваат во саботното финале:

1.Азербејџан

2.Русија

3.Холандија

4.Унгарија

5.Хрватска

6.Австрија

7.Ерменија

8.Чешка

9.Кипар

10.Малта

Вистинско чудо беше што оваа година Грција за прв пат во историјата не влезе во финалето на „Евросонг. Грците од ваквиот пласман се шокирани.

Како нација која е синоним за музика од 1974 година Грција  е редовна во учеството на Евросонг, а во 2005 година со хитот “My Number One“ која го изведе Елена Папаризу ја однесе победата.

На овогодишното музичко натпреварување ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи на втората полуфинална вечер со песната „Дона“, под реден број осум.

Во продолжение слушнете ја песната со кои Грците се преставија во првата полуфиналната вечер за избортот на „ Песна на Евровизија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1