Грција: Жени држеле во стан како инкубатори, а потоа им ги продавале децата


Грчката полиција на Халкидики уапси девет лица, од кои 8 бугарски државјани, под сомнение дека се членови на криминална група која се занимава со продажба на новороденчиња на грчки семејства без деца.

Грчката полиција уапси тројца мажи и пет жени од Бугарија, како и уште едно лице за кое нема податоци за националноста, пренесоа бугарските медиуми.

Во текот на акцијата двајца службеници на грчката полиција се претставиле како семејство кое сака да купи бебе, а посредникот на групата за 18.000 евра им понудил бебе од четири дена.

Полицајците барале да ја видат мајката и така ссе одведени во стан во пошироката област на Атина каде ја затекнале мајката на бебето, која е една од уапсените бугарски државјани.

Бугарските медиуми наведуваат дека една од уапсените била во поодмината бременост, а останатите наводно неодамна се породиле, но децата не се пронајдени кај мајките.

Во текот на акцијата се запленети 9.025 евра и 10 мобилни телефони. Истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1