Ракометната федерација на Грција одлучи влезот за првата бараж средба да биде слободен, како што повеќе навивачи би дошле да ги бодрат грчките ракометари за дуелот со македонската репрезентација.
„onsports.gr“ пренесува дека влезот на арената „Лиосион Индор“ во Атина ќе биде отворен за сите љубители на грчкиот ракомет, односно влезот ќе биде бесплатен, пренесува Курир.
Првиот бараж меч од двомечот се игра денес со почеток од 18:00 часот, додека пак реваншот нашите ракометари го играат на 15-ти јуни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во ист тајминг како и првиот натпревар, со почеток од 20:00 часот.
Капацитетот на арената каде ќе се игра првиот бараж натпревар е за 7000 гледачи.