Грците исплашени од македонскиот пејач, му забраниле влез во Грција (ФОТО)


Пејачот Јордан Митев денеска бил вратен од грчката граница и не му било дозволено да влезе и да се прошета, како што вели, во македонскиот дел од Грција, затоа што му била ставена забрана по настапот во Овчарани.

За ова тој денеска ги информираше своите фанови преку својата фан страна.jordan-mitev-1

– Почитувани фанови, еве после подолг временски период секојдневна напорна работа, мојот прв слободен понеделник сакав да го искористам за да прошетам до македонскиот дел во Грција. Стигнав до пола пат,на грчката граница ме вратија,со ставена забрана без да знам, после настапот во Овчарани. Нема вика македонски песни, има фиромски песни, нема Македонија,овде е Македонија,нема Овчарани, има други имиња, напиша тој.

Притоа приложи и два листа од документот со кој му се одбива влегувањето преку граница.

– Регистриран е како непожелен во националниот регистар-стои крај обележаното квадратче, кое ја означува причината поради која има забранет влез.mitev

Најдолу е наведено дека заинтересираното лице може да достави апел против ваквата одлука за одбивање на влез, согласно на националното право.

Митев на крајот од својот пост нагласи дека ништо нема да го поколеба и да го угаси. Бидејќи како што додаде, премногу труд, напорна работа вложи, премногу ја сака песната и Македонија.

Овчарани е село во Леринско, Егејска Македонија

Овчарани има годишен фестивал во чест на пророкот Илија. Се одржува секоја година. Познат е како Илинден и од страна на Македонците кои живеат во селото се смета дека прославата е во чест на Илинденското востание. Фестивалот сепак не поминува без критики од грчките власти и локалните грчки медиуми.

Митев е пејач, кантавтор и мулти инструменталист, магистер по музички науки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1