Првиот заменик премиер на владата, Артан Груби најави дека како министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, нема да дозволи различна правда за граѓаните и политичарите.
Ќе започнеме да ги мониторираме потребните реформи за потполна рамноправност на граѓаните вклучувајќи ја и неселективната првда преку ветинг. Не може да постои една правда за едниот, а друга правда за другиот. Не може да постои ниту пак една правда за граѓаните, а друга правда за политичарите. На правдата нарачана на телефон и дојден крајот, изјави Груби на прес конференцијата.
Тој ја негираше информацијата дека имал физичка пресметка со Драги Рашковски.
Уште од првиот ден на мојот избор, цел сум на произведување лажни вести за да се внесе раздор меѓу коалиционите партнери но и да внесат недоверба кај јавноста. Нема да успеат во тоа оти одлично функционираме и работиме по принципот една влада за сите, изјави Груби.