Груевски: Ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова, длабоко се излажале


Водени се од омраза, гнев и обврските кон налогодавачите. Но, ова нема така да помине. И ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова длабоко се излажале, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција.

– Сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекуваа попустливост во нашето делување завршува денес. Сега е времето историјата да оценува и да суди зошто ние се плашиме само од судот на историјата, а СЈО ќе биде после некое време оној дел од историјата од кој ќе се срами секој што ја сака оваа држава.Ние остануваме на бедемот на државата. Во овој процес како никаде на друго место нападнати и обвинети се и судии заради слободна судска одлука, како и членови на ДИК на чии одлуки имало можности и за жалби, како и за новинари затоа што критички ги опсервирале, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање.

– Преседан од невидени размери, но целта е да се заплаши судството, да се заплашат судиите, да одлучуваат во корист на целите на СДСМ и нивниот инструмент СЈО, како и да се заплашат новинарите и целиот народ. Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбрана на државните и национални интереси на Македонија, што оддолеавме на многу притисоци и закани поврзани со името на државата, името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори или пак спроведување на платформи на туѓи држави, што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата како што ја сака народот, а не како некои други што ја посакуваат. И што некој друг прифатил поинаку, и што не знаел како тоа да го изведе при силна и цврста ВМРО-ДПМНЕ со над 170.000 членови и 455.000 гласачи, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1