Груевски до кошаркарите: Македонија секогаш ќе биде со вас


На официјалната страна на Фејсбук, премиерот Никола Груевски напиша порака до кошаркарите, но и навивачите. Груевски вели дека и покрај двата порази, кошаркарите треба да се бодрат и понатаму, бидејќи тогаш поддршката им е најпотребна.

 gruevski-fb

-Публиката и поддршката на репрезентацијата и е најпотребна кога и е тешко и кога губи. Ова е моментот за тоа. Поддршката и не е толку значајна кога победуваат и слават. Критиките и плукањата по нашите кошаркари не ги мотивираат во овие тешки моменти, туку ги демотивираат. Тие дадоа се од себе и во спортот не може секогаш да се победува. Затоа правилно е сега сите ние да ги поддржиме кога им е најтешко и кога имаат порази. Така реагира публиката на најуспешните репрезентации и клубови. Најбучна е во поддршката кога тимот губи и е во тешка ситуација. Така тимот добива нови крилја и излегува од апатичност и депресивност. За жал, редовно ни се случува да си ги исвиркуваме нашите спортисти кога ќе загубат. Тие не се ни роботи, ни супермени, па да мора секогаш да победуваат. Важно е дека даваат и дадоа се од себе. Оваа генерација на кошаркари направи историски резултат и таа, независно од успехот на ова првенство, не смее да биде понижена од сопствениот народ и публика. И тие се луѓе пред се’, не заборавајте. И на крај, порака до кошаркарите: Напред момци, Македонија секогаш ќе биде со вас! Благодарни секогаш!, пишува Груевски на својата официјална страна на социјалната мрежа.

Нетпрес.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1