Груевски: Мнозинството граѓани сакаат кризата да заврши побрзо со избори


Надминување на ситуацијата и излегување на предвремени избори, е втора цел, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор, на 25-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Избори преку кои народот ќе си каже кому му верува и која политичка гарнитура со која политичка платформа и програма, како и начин на работа и функционирање, сака понатаму да ја води државата во наредните 4 години.gruevski4-2

-Судејќи по реакцијата на мнозинството граѓани, оценета по објективни современи методи на мерење на јавното мислење, таа стратегија година и пол по почеток на кризата, резултира со следната состојба кај мнозинството од народот ВМРО-ДПМНЕ има висока поддршка од мнозинството граѓани, онаква каква што имаше пред да започне оваа операција насочена кон нас. Мнозинството граѓани сакаат кризата да заврши побрзо со избори. Народот е свесен во што СДСМ ја втурна Македонија, и дека неговата цел не е никаква слобода или демократија, туку на валкан и измамнички начин преземање на власта. Народот е потполно свесен и за целите на нивните подржувачи, и има силен отпор кон тие цели, одлучен е да не дозволи нивна реализација. Мнозинството граѓани се свесни дека приказните на СДСМ со фантомски гласачи, и немање слобода на медиумите се само изговор за да се одложат изборите, бидејќи знаат дека ќе ги загубат силно. Всушност како да им веруваат дека нема слобода на медиумите, кога опозицијата е толку често во медиумите, што мислиш ќе почнат да ти излегуваат од фрижидер кога ќе го отвориш. Згора на тоа, толку имаат слобода да говорат и прават што сакаат, што многу често на луѓето им се згрозува од тој нивни начин на разбирање на слободата, рече Груевски.

Мнозинството граѓани продолжи Груевски, сфаќаат дека СДСМ нема извлечено никаква поука од претходните изборни порази и не само што не е подобрена, туку го има допрено своето дно. Бесчуствително го тероризира народот и државата, за сосила да издејствува доверба и сосила да ја намали довербата во нас. Програма и проекти, ниту досега видоа, ниту ќе видат, а и ако пријателите им напишат и дадат, никој не верува дека 3 осто од тоа ќе се исполни,со овој деструктивен и изгубен раководен тим на СДСМ.

-Мнозинството граѓани имаат проценето, дека освен што е безидејно и деструктивно водството на СДСМ на чело со нивниот претседател е со криминални навики и криминален начин на функционирање и резонирање. Исто така мнозинството граѓани се свесни дека ВМРО далеку подобро би ја водело земјата и во однос на економијата, и во однос на безбедноста, и во однос на реформите и во однос на националните интереси, рече Груевски.

Прочитана е и стратегијата со луѓето во СЈО, нивните цели и намери, нивното не само непрофесионално делување, туку и активно партиско функционирање во правец на поддршка на СДСМ, и оцрнување и загрозување на ВМРО, рече тој.

-За жал многумина однадвор, без да направат длабинска анализа потпаѓаат под приказната дека ова што го велам е неточно или е некоја кампања против СЈО. Многумина од нив, немајќи време за длабинска анализа, презимаат ставови еден од друг, верувајќи дека се точни. Раководството на СДСМ повторно се фокусирани како да направат некоја нечесна игра во правец на изборите. Пак коваат план да ни направат некоја нова пакост, штета, интрига, подметнување, лажирање, насилие, закочување, оцрнување, клеветење, некаков хаос. Не можат да излезат од таа матрица, подвлече Груевски.

Сега клучно е како да се отиде на избори а СДСМ да не направи преку тие избори нова штета на државата, истакна тој.

-СДСМ покажаа дека се спремни на се. Од нас, а не од нив, се очекува да внимаваме на тоа и да ги зачуваме државните интереси. И ќе ги зачуваме, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1