Основа цел на ВМРО-ДПМНЕ беше да се дојде до избори и со тоа да се надмине кризата во Македонија. Минатата година СДСМ создаде криза и таа криза ја одлагаше и продолжуваше колку што можеа, изјави денеска по потпишувањето на договорот за предвремени парламентарни избори на 11 декември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Направивме многу чекори за да ги доведеме во ситуација да не можат да ги одложат изборите, да нема каде да бегаат и да мора да се соочат со народот. Успеавме СДСМ да го доведеме во ситуација веќе да не може да ги избегнува изборите и граѓаните да излезат и да си го кажат својот збор. Народот ќе го казни она што СДСМ и го направи на Македонија . Денеска сум задоволен што кончено успеавме СДСМ да го доведеме во ситуација да не може да вади нови изговори и алиби, затоа што се што имаа да кажат, на се се’ одговори. Добро е што тие го потпишаа договорот и кажаа дека ќе излезат на избори на 11 декември. Иако по сите одлагаа секој нивен збор и потпис го ставам на резерва, затоа што никогаш човек не може да знае што во меѓувреме ќе направат, рече Груевски.
Сепак, додаде тој, се чини дека сите можни изговори ги употребија и веќе се адресирани и денеска немаа каде.
-Се им беше удоволено и мораа да потпишат и да излезат на избори каде што народот ќе го даде главниот збор. Ние сaкамe да дојдеме до ситуација каде граѓаните ќе го дадат својот збор и тие да одлучат. Граѓаните гледаат кој работи, кој се бори за државата, кој работи д асе создадат дела, да се донесат инвестиции, а кој пак работи за да се направи деструкција, кој работи во правец на правење и продолжување на кризи. Граѓаните на 11 декември ќе излезат и ќе си го кажат своето мислење, каква политичка опција сакаат да ја води Македонија во иднина. Политичка опција која што прави кризи, политичка партија која што прави деструкции или политичка опција која што отвора нови работни места и подобри услови за граѓаните, заклучи Груевски.
Во наредните 100 дена, додаде тој, СДСМ ќе ги слушате секој ден како се чукаат во гради, како се силат, како кажуваат дека сега ќе победат, ќе ни се закануваат, најавуваат што ќе биде, но народот е свесен и зрел да оцени кој политички тим и политичка партија сакаат да ја води Македонија.