Груевски: Народот ќе може да се искаже за новата визија


Традиционално како и на претходните изборни циклуси Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ својот предизборен караван за престојните локални избори закажани за 15 октомври го започна вечерва со митинг во Охрид.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги повика граѓаните на изборите масовно да го дадат својот глас за новата програма, да ја дадат довербата, како што рече, на луѓе чии постигнати резултати сите можат да ги видат, за луѓе кои постојано работеле за подобро заедничко утре.

– Народот ќе може да се искаже за новата визија, за енергетизираното, освеженото ВМРО-ДПМНЕ, за новата енергија која доаѓа со новата ера, која носи нови 150 илјади работни места, повисоки плати, пензии, субвенции, подобро здравство, образование, посилна демократија, членство во ЕУ и НАТО, нова ера која носи нови успеси и победи, што може да ја исполни само оној кој живее само со работа и од работа, рече меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја искористи можноста да му се заблагодари на досегашниот градоначалник на Охрид за, како што рече, исполнетите ветувања пред добиениот мандат, набројувајќи некои од реализираните проекти. Притоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на охриѓани да го дадат својот глас на нивниот кандидат за градоначаник за да може да продолжи изградбата на Охрид.

– ВМРО-ДПМНЕ за градски татко го повика и застана зад д-р Митко Тилевски, угледен и почитуван, чесен и работлив човек, борец за се што ќе се зафати. Свесен за проблемите на Охрид и предизвиците, но и полн со енергија и идеи, добра волја и чиста мисла, и подготвеност неуморно да работи за успеси на Охрид и охриѓани, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните на митингот истакна дека престојните избори не се само глас за избор на нови градоначалници и советници во општините, туку референдум на кој народот ќе се изјасни што мисли за се она што и се случува на Македонија изминатите четири месеци. Тој голем дел од обраќањето го посвети за критики упатени на адреса на актуелната власт предводена од СДСМ и, како што рече, неисполнетите ветувања…

Кандидатот за градоначалник Митко Тилевски во обраќањето пред своите сограѓани истакна дека доколку ја добие нивната доверба во својот мандат ќе реализира повеќе инфраструктурни проекти, како изградба на нов Кеј, реконструкција на двата главни плоштади во градот, изградба на нов модерен парк кај Студенчишта, целосна реконструкција на булеварот „Туристичка“ како и на повеќе поголеми сообраќајници во градот, потоа социјални станови, велосипедска патека до Свети Стефан, реконструкција на училишта, градинки…

– Силна промоција на туристичките капацитети на Охрид. Со сериозна стратегија и пристап директно придонесуваме во локалната економија која после долго време стагнација последните години даде отпимистички показатели, рече Тилевски.

На митингот на „За подобра Македонија“ пред присутните се обратија носителот на листата за советници во Општина Охрид Кирил Пецаков, лидери на неколку партии од Коалицијата, како и неколку гости – потпретседатели на владејачката партија ФИДЕС на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1