-Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“, се вели во писмена изјава на премиерот Никола Груевски во врска со неточните интерпретации на насловот (статијата) на „Гардијан“, во која се тврди дека “Македонија била подготвена за промена на името“.
-Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многуммина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, стои во писмената изјава на Груевски.