Груевски: Нема избори, но ќе има серозен одговор до СДСМ


Премиерот Никола Груевски на денешниот собир во спортскиот центар Борис Трајковски пред граѓани, симпатизери и членови на ВМРО ДПМНЕ им порача на Заев и СДСМ да не се плашат, избори ќе нема, но затоа не им бега сериозен одговор.gruevski tribina

– Кога за првпат до нас допре идејата на некои општински комитети за организирање на ваков настан, помисливме како да го направиме, а да не изгледа како митинг. Знаете, опасно е ако изгледа дека правиме митинг, опонентиве ќе си речат, овие тргнаа на избори. И ете проблем. Здравствен за некого, а за друг обврска да смислува изговори како да не учествува на избори.
Еве за да им ги скратиме маките на почеток, ние одбравме да направиме настан во спортскиот центар „Борис Трајковски”, спортски центар, кој се изгради со помош на оваа влада, но како што гледам по интересот за овој настан, мислам дека и Партизанска и Илинденска ќе ни беа прекратки за митинг. Но има време за митинзи. Еве, за да им ги скратиме маките, им кажувам, не грижете се, нема избори, нема потреба да се плашите, барем не до толку. Нема избори, но ќе има одговор. Сериозен одговор! Е тоа не им бега!
Ова е нашиот одговор до СДСМ, силата на ВМРО –ДПМНЕ е во народот, кој нè поддржува, во народот, кој е со нас сиот овој изминат период, во народот што ни ги познава слабостите, кој нè укорува за грешките, но и кој ни ги знае предностите, народот кого го слушаме, за кого се трудиме и работиме – порача премиерот Груевски.
Груевски ѝ порача на опозицијата дека македонскиот народ е мирен и спокоен, но не дај Боже да му брцнеш в око или да се обидеш да го излажеш.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1