Груевски по распитот – Немам никаква вина, Ниту ќе бегам, ниту ќе ја напуштам државата


По помалку од еден час денеска заврши распотот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Основниот суд Скопје 1.gruevski_19

– Денеска бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во судот. Не знам дали некој верува во такво нешто, но тоа ниту е вистина, туку е само желба на нарачателите на Јанева. Човекот кој рече дека не го признава судот е свесен за својот рејтинг и за немањето поддршка од народот, па затоа преку контролата што ја има во СЈО се обидува мене и моите соработници да не прикаже како да сме слични на него – рече Груевски денеска по распитот кај судија на претходна постапка.

– Може да се очекува дека во наредниот период ќе ме повикуваат мене и моите соработници во судот со цел да се добие впечаток дека ние сме исти како мојот политички опонент, но тоа нема да им помине бидејќи народот нас не познава и на изборите се ќе стане јасно – рече Груевски.

Тој рече дека не се чувствува виновен и посочи дека во иднина пак ќе имало обиди за негово малтретирање да доаѓа во судот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1