Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски денеска во според многумина политички монтиран случај беше осуден на две години затворска казна, казна која од одбраната најавија дека ќе ја обжалат. Груевски на граѓаните преку Фејсбук им порача да им остане главата горе и да не забораваат, дека ова е нашата земја и ничија друга.
ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ И ГОРДИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА!!!
Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици.
Ти си нашата сила, ние сме вашата сила.
Доаѓаат подобри времиња.
Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга,
ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!