Кога до нас допре идејата за ваков настан помисливме како да направиме да не изгледа како митинг, тоа би било опасно, опонентите би рекле овие одат на митинг, тоа би били проблем, за некого здравствен, а за друг обврска како да смислува изговори како да не учествува на избори, рече премиерот Никола Груевски на тирибината во „Борис Трајковски. Тој вели дека затоа решиле да одржат трибина во салата, проект изграден од оваа влада. „И кога сега гледам колку луѓе има и Партизанска и Илинденска ќе ни беа прекратки за митинг, но за митинг има време“, рече Груевски.
„Не се секирајте, нема избори, нема потреба да се плашите, барем не до толку, но ќе има одговор, ќе има сериозен одговор, тоа не им бега, ова е нашиот одговор, силата е во народот, народот кој не поддржува, кој е со нас, сиот изминат период.“
Груевски вели дека народот не е наивен, поминал многу во минатото, народ кој е мирен, спокоен, семеен и сака сигурна иднина.
„И не дај боже да му брцнеш во око или да го излажеш не те спасува ни странец обвинител, ни Владе Милчин, ни Фрчко, а богами ни супермен не ме може да те спаси“, порача Груевски.