Груевски: Тезата на СЈО за „мерцедесот“ падна во вода


По шест часа во суд часовно судско рочиште за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“, експремиерот Никола Груевски изјави дека е фрлена нова светлина врз судењето.

– Падна во вода како круша тезата на СЈО дека е протежиран „Мак ауто стар“ и дека само оваа фирма можела да се јави на тендерот. Можел да се јави било кој. Вториот сведок Страхил Глигоровски кој е еекономски вештак, го потврди тоа што го знаеме, односно дека во случајот со набавката не постои штета. Компанијата која го продава возилотот заработила маржа, односно вообичаена заработка на таа компанија, не отишла над вообичаените цени и нема остварено никаков екстра профит. Од тука се потврди дека нема штета, а кога нема штета нема ни дело – изјави Груевски.

На денешното судење сведочеа четворица сведоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1