Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска седна на обвинителна клупа за набавката на Мерцедесот.
– „Ова е политички процес во кој судиите треба да одработат. И ме ставаат во судница затоа што Заев и Димитров го решаваат името и им треба да се збори за нешто друго”, изјави Никола Груевски.
Тој за драстично намалената цена на Мерцедесот кој е на аукција вели дека власта се служи со популизам.
– „Намерата е едно од двете, или планираат да создадат клима за да не се продава мерцедесот или планираат да го продадат на некој свој, трето не може да биде“, изјави Груевски.