Груевски воскреснувањето на Исус ќе го чека во Кичево – ден Велигден во Струга


gruevski-pali-svekjaЗа време на дочекот на најголемиот празник Воскресение Христово Велигден, според најавата, премиерот Груевски со сопругата ќе престојува во Кичево каде со останатите православни верници ќе присуствуваат на Светата литургија, која ќе се организира во кичевскиот православен храм „Св. Петар и Павле“. Тој и неговото семејство годинава за прв пат воскреснувањето на Исус нема да го чека во црква во Скопје

На првиот ден од Велигден, в недела, премиерот со семејството ќе престојува во Охрид на утринската литургија во црквата „Св. Богородица“ Каменско, а потоа во Струга ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“.

Во понеделник, на вториот ден од Велигден, премиерот Никола Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова црква во Вевчани, соопшти владината прес-служба.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1