Груевски за „Дневник“: Ќе се обидам да составам Влада, но не по секоја цена


Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена, вели во интервју за „Дневник“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, коментирајќи ја платформата што ја објавија албанските партии од Македонија, а чие исполнување е услов за тие да коалираат со една од двете македонски партии во идната влада. Ако се оди по досегашните установени принципи во Македо нија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, с` е можно, вели Груевски.gruevski455

Во однос на тврдењата на мно­гу ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри, ана­ли­ти­ча­ри и медиуми ДЕКА членс­тво­то на ДУИ не са­ка ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ, Груевски вели:

„Не знам да­ли та­ка раз­мис­лу­ва членс­тво­то на ДУИ, но знам ка­ко раз­мис­лу­ва­ше членс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па до­не­ка­де и во 2011 и 2014. Се­пак, ВМРО-ДПМНЕ то­гаш се од­лу­чи да ко­а­ли­ра со ДУИ, за­тоа што бе­ше очиг­лед­но од из­бо­ри­те де­ка мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни Ал­бан­ци са­ка­ат ДУИ да е во вла­да­та“.

Запрашан каков ќе биде потегот на неговата партија доколку се­га ДУИ одлучи да не ко­а­ли­ра со ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­ник, Груевски е дециден:

„Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та“

Во однос на заедничката платформа албанските партии, Груевски посочува дека тие и сега и во ид­ни­на ќе би­дат приб­лиж­но 25 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја со за­ед­нич­ка плат­фор­ма. Ако са­ка­ме да ја иг­ра­ме иг­ра­та со плат­фор­ми, не­ма проб­лем, та­ка ќе те­ра­ме от­се­га, вели Груевски во интервјуто.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека за него нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те. Ве­ру­ва де­ка се свес­ни де­ка во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, плат­фор­ма­та ко­ја им ја сос­та­ву­ваа, по­ли­тич­ки мо­же да му по­мог­не нај­мно­гу на СДСМ кај ал­бан­ски­от елек­то­рат. На Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не­ма да им по­мог­не ако има­ат дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Дел­че­во, Бе­ро­во, Гев­ге­ли­ја или Ка­ва­дар­ци. Ним мо­же да им по­мог­не ако во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни се от­во­рат уш­те 100 или 150 но­ви фаб­ри­ки, и се вра­бо­тат ил­јад­ни­ци лу­ѓе, заклучува Груевски во интервјуто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1