Новинарот и главен уредник во Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави фотографии од вечерашните случувања на „Мостот на цивилизациите“ пред зградата на Уставниот суд во центарот на Скопје.
Како што може да се забележи од фотографиите, организирана група „го нападнала“ споменикот на цар Душан за кој се уште не се знае кој го нарачал, платил и поставил и за кој никој не сака да преземе одговорност.
Според информациите на Алсат-М, група од 20 до 30 граѓани ноќва нешто по полноќ се обидела да го урне споменикот, но по многуте обиди споменикот е значително оштетен, но не и срушен. Како што пренесува телевизијата, меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.