Гучи торба со сите информации за животот на кравата од која е направена


Гучи ја претстави својата нова еко чанта од колекциите „Jackie“, „Hobo“ и „Tote“ која доаѓа со „пасош“ во кој детално е опишана историјата на кравата од која е изработена чантата.

696918-guciОвие чанти се направени исклучиво од животни кои се одгледуваат на легални ранчеви во Бразил.

Бразил е најголемиот извозник на животинска кожа, а не е непознатo дека одреден дел од истата се испорачува во Италија, каде во фабриките таа станува „италијанска кожа“.

Кожата од бразилска крава е најбарана во модната индустрија години наназад.

Едно истражување од 2009-та година кое го спроведе Greenpeace покажува дека токму поради оваа причина, многу ранчери во Бразил ги уништуваат дождовните шуми за да направат доволно место за својата стока.

Тоа значително ја оштети животната средина, па апелот кој оваа организација го упати сепак ги освести модните куќи.

696905-guci1Гучи престана да ја користи бразилската кожа по овој извештај, меѓутоа нивната повторна соработка се врати на модниот пазар со оваа еко чанта.

Сепак, од модната куќа тврдат дека кожата е добиена од крави кои се одгледуваат на легални ранчеви, што е опишано и во „пасошот“ на чантата.

„Се надевамде дека сме пионери на нешто што ќе стане тренд во модната индустрија. Знаеме дека нашите кленти се менуваат. Потрошувачите не се задоволни само со убав производ. Тие сакаат да знаат од каде доаѓа производот и како е направен“ , изјави Диана Зането, потпретседателка на Гучи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1