Гугл сам си призна: Не очекувајте приватност ако користите гугл


Гугл не верува дека луѓето можат да очекуваат приватност кога испраќаат мејлови од Гмаил налогот и нивните мејлови ќе бидат подложни на автоматско процесирање.„. Овие тврдења се најдоа во документот кој беше приложен на федералниот суд во САД а кој го откри телото за заштита на потрошувачите во таа земја

google1Овој документ е напишан како одговор на тужбата поради кршење на законот на прислушување во случаи кога Гугл ги скенира мејловите за да може да постави таргетирани реклами.

Тужбата од Гугл бара да открие кои точно информации ги добира од мејловите и да исплати одредена сума за отштета поради кршење на законот за приватност. Компанијата од друга страна тврди дека доколку некој провери лични пораки на трето лице, не може да очекува дека, таа страна нема да дојде до одредени информации.

Во прилог на тврдењето на Гугл оди и случајот против Мериленд во кој се вели:

„Како што личноста која испраќа писмо на колега не може да биде сигурна дека тоа писмо нема да го отвори асистентот на тој колега, личноста која користи интернет меил, не треба да биде изненадени ако тие мејлови бидат процесуирани од страна на некои сервис провајдери„.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1