Вчеравечер беше навистина стресно за сите финалисти на „Х фактор“ бидејќи од 12-те преостанати кадидати дома си заминаа дури четири, а за жал еден од нив е и нашиот Давид Темелков, како и Нина Симиќ, Илија Михаиловиќ и Милан Букилиќ. Боби, пак, имаше среќа прв да биде прогласен за полуфиналист, така што сè поголеми се шансите да стигне до финале, жирито веќе не може да најде доволно пофални зборови, а неговата одлична интерпретација на хитот „По тебе“ од Тоше Проески повторно ги остави без коментар!
Oтпаднаа два кандидати со најмал број гласови од публиката и два коишто ја изгубија „борбата“ во дуелот со песна за спас. Првата финалистка којашто веднаш го напушти натпреварот беше Нина Симиќ, а првиот дуел се одвиваше меѓу Антонио Криштофиќ и Илија Михаиловиќ, при што „битката“ ја изгуби Илија.
Во следниот круг на елиминации веднаш замина дома Црногорецот Милан Букилиќ, а во дуел се најдоа триото „Хајуеј“ и нашиот Давид Темелков.