Британски суд му забрани на информатики стручњак да го објави научниот труд со кој би ги открил тајните кодови за стартување на моторите на луксузните автомобили на производителите Porsche, Audi, Bentley и Lamborghini, сметајќи дека тоа би можело да доведе од кражби на милиони возила.
Флавио Гарсија од универзитетот во Бирмингем го „провалил” безбедносниот систем така што открил единствен алгоритам кој на автомобилот му овозможува да го препознае идентитетот на клучот за ставање во погон на моторот, пишува во неделата британскиот дневен весник The Guardian.
Со судската забрана во Велика Британија се завршува всушност само едно поглавје во случајот што го покрена компанијата Volkswagen, којашто е сопственик на наведените четири луксузни автомобилски брендови, против Гарсија и уште двајца холандски експерти за дешифрирање.Судот одлучи дека објавувањето „би можело да им овозможи на софистицираните криминални банди да ги разбијат безбедносните кодови и да крадат автомобили”.
Овие луксузни возила се заштитени со системот Megamos Crypto, алгоритам кој го дешифрира кодот меѓу клучот и моторот. Научниците имаа намера својата работа да ја објавата во август на симпозиум за безбедноста во Вашингтон, меѓутоа судот тоа привремено им го забрани. Германскиот автомобилски гигант Volkswagen од авторите побара да објават преработена верзија на студијата без кодовите, меѓутоа тие тоа го одбија.
Флавио Гарсија и неговите колеги Барис Еге и Роел Вердут велат дека тие се „одговорни научници кои работат одговорна научен труд” и дека нивната цел е да ја подобрат безбедноста, а не да им помогнат на криминалците во кражбите на луксузните автомобили.
Тие, исто така, тврдат дека „јавноста има право да знае кои се недостатоците и слабостите на безбедносните системи на кои се потпираат луѓето” и дека во спротивно „автомобилската индустрија и криминалците тоа го знаат, а јавноста не”