Хакирана клиника за пластични операции и ги уценуваат пациентите


Властите во Литванија соопштија дека повеќе од 25.000 приватни фотографии и лични податоци се обелоденети денеска откако е извршен хакерски напад врз клиники за естетска хирургија.

Полицијата соопшти дека хакерската група Тсар Теам во почетокот на оваа година провалила во компјутери на клиники на фирмата Грозио хирургија и уценила нивни клиенти во Германија, Данска, Британија, Норвешка и други држави од ЕУ.

По заканите, повеќе стотици фотографии се објавени во март, а останатиот дел е објавен денеска, соопшти полицијата. Клиентите биле уценувани со суми до 2.000 евра за да не бидат објавени нивни фотографии и лични податоци. Хакерите барале и од клиниките да им платат 344.000 евра, но тоа било одбиено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1