Холивудската ѕвезда Хали Бери и нејзиниот сопруг, францускиот глумец Оливие Мартинес, добија син.
Четириесет и седум годишната актерка се породила вчера во болница во Лос Анџелес.
Ова е второ дете за Хали Бери, која има петгодишна ќерка од врската со канадскиот манекен Габриел Обри.
На Мартинез, кој со актерката е во брак од минатиот јули, ова му е прво дете.