Хан доаѓа на 17 јули, владата очекува и опозицијата да се вклучи во реформите


До 17 јули Македонија ќе го формира преговарачкиот тим со Европската унија. Со доаѓањето на еврокомесарот Хан почнува и скирининг процесот, унијата во следните 365 дена ќе ги набљудува држаните институции и спореведувањето на реформите. Вицепремиерот Османи вели Владата е подготвена да одговори на сите предизвици, а во следната година очекува договорот за името да биде целосно имплементиран, а референдумот успешен.

Османи ги повика и претседателот Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во процесот за европска иднина на Македонија. Но вели дека и без нивната поддршка власта ќе продолжи со евроинтеграциите.

Опозицијата цврсто чекори кон патот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, одогвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради дипломатското фијаско, Мицкоски вели дека министрите на СДСМ во најмала рака треба да си поднесат оставки веднаш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1