Хан и кажа „збогум” на ЕУ


Не знам што ќе правам после октомври, но ве уверувам дека што и да правам ќе останам посветен на заложбите за напредок на Западен Балкан. Кога сте инвестирале не само време и енергија, мислам дека има смисла да продолжите со цел да има натамошен позитивен успех во иднина.

Ова го рече денеска Јоханес Хан на денешната презентација на извештаите за напредокот на земјите аспирантки за членство во ЕУ.

– Зеленото светло за почеток на преговори за Албанија и за Северна Македонија е најдобар аргумент за другите да се ангажираат во дијалог кој не е лесен за ниедна страна. Ако не дадеме добар пример со отворање на преговорите со Албанија и со Северна Македонија тоа нема да биде стимулативно и мотивирачко за другите лидери кои се соочуваат со тешки теми, рече тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1