Хаос на автопатот Белград- Ниш: Сообраќајот запрен поради лоши временски услови (ФОТО)


Сообраќајот на автопатот Белград-Ниш, кај петљата Трупале е запрен во двата правци, поради лошите временски услови, слабата видливост и несоодветната зимска опрема на одредени учесници во сообраќајот, соопшти изутринава Јавното претпријатие „Путеви Србије“.sneg-avtopat-led-lizgavo

Поради снегот и навевите кои на одредени локални патишта достигнуваат височина и до два метри, скратени се голем број на градски и приградски линии.Како што за агенцијата Бета соопшти шефот на зимската служба Драган Димитриевиќ, укинати се одредени линии на градскиот сообраќај.Екипите на зимските служби се веќе на терен, но тие се немоќни во борбата со ветрот. На некои делници, навевите се формираат само за неколку часа после чистењето, изјавил Димитриевиќ.

Според неговите зборови, мештаните од околните села на Ниш знаат на кој патни делници се вакви временските прилики и се формираат снежни навеви, така да уште од изутрина не ризикувале да тргнуваат и да останат завеани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1