Хаос во Канада – воз излета од шини среде град – 30 згради горат (Видео/Фото)


Канадски воз со речиси 80 вагони-цистерни полни со запалливо гориво излетал од шините по што избувнал пламен на канадска територија во близина на границата со американската сојузна држава Мејн, на источниот брег на САД, а локалните власти наредиле евакуација поради ширење на огнот.

pozar-kanada-foto-printskrin-1373121016-335607Инцидентот се случил во градот Лак-Межантик во провинцијата Квебек, на 250 километри од Монтреал. Низ гратчето се ширел непријатен мирис, додека екипи на службата за справување се итни ситуација вршат анализа на воздухот поради можно присуство на токсини.

Весникот Montreal Gazette пишува дека со железничката композиција била превезувана сирова нафта и дека по превртувањето неколку вагони експлодирале, по што избувнал пожар кој се пренел на блиските куќи и згради. Според медиумите опожарени биле околу 30 згради.

Засега нема информации за настрадани, но неколку лица се пријавени за исчезнати по експлозијата. Во првите моменти по хаваријата биле евакуирани повеќе од илјада луѓе од своите домови и од блискиот дом за стари лица. Горивото од цистерните се излило во реката Шодиер.

vozTan2013-7-6_16517367_5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1