Хаос во позната скопска кафеана: Му кршеле шишиња од глава и го претепале


Во 01 часот и 30 минути по полноќ, 21-годишниот Ф.Г. од Скопје се јавил во полиција и пријавил дека претходниот ден околу 23 часот и 45 минути на улицата „Јордан Мијалков“ во „Златно Буренце“, додека седел со друштво, без повод и причина од страна на група машки лица, биле нападнати со стаклени шишиња во пределот на главата и со тупаници во пределот на телото.bar-tepacka-1-1100x619-55818

Во еден момент лицата го извлекле Ф.Г. од објектот и продолжиле со нападот, а откако паднал на земја, истите побегнале во непознат правец.

Од страна СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1