Хаос во скопски хотел: Се сомневала дека момчето е внатре со друга – скопјанка направила хаос во хотел


Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје. Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања, објавува Сител.

Таа упорно барала да ја види книгата на гости, но откако повторно била одбиена, девојката почнала вербално да се расправа и гласно да вика. Одговорните од хотелот побарале да го напушти објектот, но таа одбила, по што биле приморани да повикаат обезбедување. Кратко потоа проблематичната девојка брзо заминала од објектот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1