Хаос во Србија, исчезна уште едно девојче. Како што пишува српскиот Курир, се работи за 16-годишната Татјана Ковач која последен пат била видена на 15 јуни, а на себе носела шарени хеланки. До неа било момче со бел качкет на главата.
Семејството моли за помош.
Во Србија шоковите и трагедиите деновиве се нижат една по друга. Вчера во вечното живеалиште беше испратен Стефан Илиќ, 12-годишното момче кое исчезна во саботата.