Хаос во воздушниот сообраќај над Европа


Воената операција на Русија во Украина предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Европа. Украина го затвори својот воздушен простор за цивилни летови поради високиот ризик. Европскиот авијациски регулатор, исто така, предупреди на опасност во пограничните области на Русија и Белорусија.

Белорусија затвора дел од својот воздушен простор за цивилни летови, соопшти военото министерство на земјата во соопштение на социјалните мрежи, цитирано од Ројтерс.

Летови доцнат поради пренасочувањата речиси кон сите дестинации

Молдавија, исто така, денеска ќе го затвори својот воздушен простор, пренасочувајќи ги летовите кон земјата кон аеродромите надвор од неа, напиша на Фејсбук вицепремиерот Андреј Спину, цитиран од Ројтерс.

Претходно денеска, најмалку пет летови за Украина слетаа на аеродромот во Кишињев. Во меѓувреме, претседателката Маја Санду најави дека земјата ќе прогласи вонредна состојба и се подготвува да прифати десетици илјади бегалци од Украина. „Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна поддршка“, рече таа.

Русија привремено затвора повеќе од 10 свои аеродроми на југот на земјата, како и на анектираниот полуостров Крим, јави ДПА.

Меѓу затворените се аеродромите во Ростов, Краснодар, Курск, Воронеж и Симферопол. Тие нема да работат до 2 март, соопштија руските воздухопловни власти.

Летовите од и до Сочи продолжуваат, а во главниот град Москва откажани се повеќе од 200 летови, соопштија туристичките агенции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1