Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг


Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг, каде што е повикан на распит, во својство на осомничен, пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово.

Харадинај во синоќешното интервју за приштинската телевизија Т7 изјави дека од судот во Хаг е повикан на интервју, но дека против него се уште не е покренато обвинение.

– Да, утре ќе отпатувам за Хаг, изјави Харадинај, додавајќи дека интервјуто пред судот е закажано за наредниот ден, среда, 24 јули.

Тој повтори дека поднесе оставка од функцијата претседател на Владата, затоа што пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер,

Според него, појавувањето пред трибуналот како претседател на Владата на Косово би претставувало „лош преседан“ и би можело да го загрози суверенитето на државата.
– Не би можел тоа да му го направам на Косово, бидејќи тоа би покажало дека Косово е ранливо, изјави Харадинај, изразувајќи уверување дека и овој пат ќе се потврди дека борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК) била праведна и чиста.

Харадинај во интервјуто за Т7 потврди дека в среда пред трибуналот во Хаг ќе се појави и првиот претседател на косовското Собрание по војната и портпарол на ОВК во 1998-99 година, Јакуп Красниќи, за кого се уште нема информација дали е повикан во својство на осомничен или како сведок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1