Шефицата на европската дипломатија Фередика Могерини денеска го напуштила состанокот на Советот за придружување и стабилизација, навредена поради инисистирањето на косовссиот премиер Рамуш Харадинај да се зголеми учеството на САД во процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград.
Како што Танјуг дознава од бриселски извори, пораката на ЕУ на косовскиот премиер е дека Косово мора сериозна да работи на својата европска перспектива и да ја искористи можноста која ја има регионот во поглед на европската перспектива.
Денска официјално е откажана конференцијата за медиуми на шефица на ЕУ, Могерини и премиерот на Косово Харадинај, која била планирана по завршување на состанокот на Советот за стабилизација и придружување на ЕУ и Косово.
Официјалното објаснување на европската страна е дека причината за откажување е „прашање на агендата“.
Косовските дописници од Брисел јавуваат за лоша атмосфера која владеела за време на состанокот кој бил одржан утринава во зградата на Европскиот совет.
Изворите наведуваа дека косовскиот премиер инсистирал на поголемо учество на САД во процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград.
Се наведува дека шефицата на дипломатијата тоа го сфатила лично и го напуштила состанокот на Советот пред неговото завршување.
Инаку ова е прва официјална посета на Харадинај на Брисел од превземањето на премиерската функција.