Популарниот пејач Харис Џиновиќ ги откажа неговите настапи бидејќи како што тој вели би било покорисно да носи вреќи со песок, отколку да држи микрофон.
Харис им се придружи на неговите колеги кои ги откажаа нивните настапи и решија да им помогнат на загрозените.
– Длабоко сум потресен поради несреќата која ни се случи и не ми доаѓа на памет да пејам додека луѓето се дават и остануваат без ништо. Сметам дека во оваа ситуација би бил покорисен да носам вреќи со песок – изјави Харис Џиновиќ.