Пред неколку години, три одделни книги беа откриени во библиотеката на Универзитетот Харвард, кои имаа особено чуден изглед на нивната корица. По понатамошните истражувања се тврдеше дека оваа мека обвивка е всушност човечка кожа. Наводно, оваа кожа е на човек кој бил одран жив.
Како што изгледа, практиката да се употребува човечката кожа за укоричување на книги, била популарна во текот на 17 век.
Тоа најчесто се практикувало за медицински учебници. Медицинските професионалци често висецирале тела на мртовци за својте истражувања, па најверојатно нашле начин да го употребат отпадокот.
Една од книгите дури има и натпис каде сопственикот нагласува дека ова е последното нешто што останало од неговиот пријател, кој го одрале жив на 4-ти август 1632 година.
„Повезот на оваа книга е сé што преостана од мојот драг пријател Јона Рајт кому Вавумите жив кожата му ја одраа четвртот ден од август 1632 година. Кралот М’беса би ја даде таа книга, единственото што кутриот Јонас го поседуваше, заедно со големо парче од неговата кожа за повез. Нека почива во мир”.
Научниците сепак по нови истражувања докажаа дека книгата којашто потекнува од XVII век сепак, не е во повез од човечка кожа, како што досега се веруваше.
Оваа шпанска правна книга отпечатена во периодот 1605/1606 година има допишам текст кој споменува човек кому „жив кожата му ја одрале”, но анализата на деветте примероци од кориците и лепилото покажале дека станува збор за јагнешка кожа, изјави во петокот Карен Бек од библиотеката на Харвард.
Харвардските конзерватори коишто ја направила анализата ја користеле техниката на идентификација на белковините и примероците ги споредиле со другите видови повези, од говеда, елени до кози и ги споредиле со човечка кожа, напишала Бек на својот блог, пренесе Reuters.
Се покажало дека лепилото содржи говедски и свински колаген.
Како што појаснува Бек, оваа книга во Харвард стигнала во 1946 година, и таа смета дека Јоанс Рајт не е име на овца, туку дека текстот е дело на нечија болна фантазија.
Научникот Даниел Кирби, кој раководел со истражувањето, исто така смета дека книгата никогаш не била поврзана во човечка кожа. „Постои можност дека таа (кожата) била тргната пред да стигне во колекцијата”, сепак, вели Кирби.