Хеликоптерот не покажувал проблеми – еве ги техничките податоци на полицискиот МИ-17


По хеликоптерската несреќа која се случи во четвртокот во Струмица, а во која загинаа четворица искусни пилоти, врвни професионалци од  хеликоптерската единица на МВР, се отворија прашањата за исправноста на воздухопловот и неговите технички карактеристики.  Курир денеска објавува информации кои треба да понудат одговор на овие прашања.

helikopter5Според техничките податоци за хеликоптерот до кои стигнал Курир, леталото не покажувало никакви проблеми. Полициски хеликоптер од типот Mi-17 V5 е произведен на 26.12.2008 година во Kazan Helicopters Russian Federation, чиј сериски број е впишан во Регистар на полициски воздухоплови на МВР на 24.03.2009 година со регистарски ознаки МАР-7712.

-Хеликоптерот е опремен со турбо-млазни мотори од типот TV3-117VM Serial 2 произведени во Motor Sich, Украина. Тој исто така е опремен со Aviator Night Vision Imaging System/Head Up Display-24 (UNVIS/HUD) и Night Vision Goggles (NVG) опрема од страна на Elbit Systems Ltd. Израел, пишува порталот.

-Остварен налет од почеток на експлоатација: 312 часа и 44 минути

-Број на часови на работа на моторите од почеток на експлоатација: 312 часа и 44 минути

-Вкупен број на слетувања од почеток на експлоатација: 1.042

-Број на стартувања на моторите: 415

-Последен преглед по обем од 300 часа е направен на 17.05.2014 година во Воздухопловна бригада на АРМ, за што има прилог за прием на хеликоптерот после завршен преглед, проверка на земја и во лет со пробен лет на 18.05.2014 година, дознава Курир.

Хеликоптерот, според Курир, немал ниту една компонента или уред со исстечен век на употреба. Леталото било користено согласно упатството за употреба и редовно било одржувано согласно Упатството за одржување издадено од производителот на хеликоптерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1