“Хемискиот напад е лажиран, телата на децата ги носеа од други села”


Сестрата Агнес Мариам ел-Салиб, инаку активист против режимот на Асад, со својот тим анализирала 13 снимки кои биле објавени по наводниот напад.

laziran-napad-02Сестрата Агнес Мариам ел-Салиб, инаку активист против режимот на Асад, објавила извештај во кој тврди дека снимките со децата отруени од хемискиот напад кај Дамаск се лажни. Објаснила дека детските тела биле донесени во тој регион, за да биде докажан наводниот хемиски напад, а овој заклучок го донела анализирајќи ги снимките и фотографиите кои биле објавени по наводниот напад.

Сестрата тврди дека таа и нејзиниот тим одлучиле да направат истрага кога почнале да им се јавуваат родители од други краеви на Сирија, кои тврделе дека на снимките ги препознале своите деца.

Агнес, инаку католичка монахиња, во Сирија живее веќе 20 години, и активно известувала за тоа што се случува во оваа уништена земја. Откако внимателно го проучила видеото, се посомневала во неговата автентичност.

Во интервјуто за RT изјавила дека не е можно да се снимат толку видеа во толку краток период и се прашува каде се родителите на убиените деца. Ветила дека својот извештај ќе го прати во ОН.

“Кои се децата од снимките?!”

laziran-napad-01Сестрата ги обвинила творците на видеата, дека ги користеле децата, кои воопшто не се од Дамаск, за да манипулираат со јавноста и да исценираат хемиски напад.

“Ројтерс објави една снимка во 6 часот наутро. Наведено беше дека нападот траел од 3 до 5 наутро. Како е можно да се направат десетици различни видеа, да се соберат повеќе од 500 деца на една локација, да им се пружи прва помош, и потоа да им се направи интервју, и сето тоа за помалку од 3 часа? Дали е тоа воопшто возможно” – се прашува сестрата.

“Телата на децата и тинејџерите на снимките, кои се тие? Што им се случило? Навистина ли се убиени? Доколку не се убиени, од каде доаѓаат? Каде се нивните родители? Како така нема женски тела меѓу тие мртви деца”, се запрашала сестрата.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1