Грчкиот државјанин, кој бил убиен за време на пукањето во трговски центар “Олимпија” во Минхен се жртвувал за да ја спаси сестра си, пишува британскиот “Телеграф”.
Младиот Грк, Хусеин Даицик бил застрелан два пати пред ресторанот за брза храна.
Тој застанал пред сестра си , за да ја спаси, додека 18-годишниот Али Давид Сонболи пукал неселективно.
Британскиот весник го нарекува Грк херој заради саможртвата за сестра му.
Тој исто така е на 18 години, емигрирал во Германија заедно со својата сестра.
Во фаталниот ден двајцата отишле во трговскиот центар, за да купат подароци за своите блиски во Грција пред да се вратат во својата татковина за летните одмори.
Откако дознал за трагичната вест за смртта на момчето, татко му добил инфаркт и бил пренесен во болница. Информациите за загинатиот Грк беше потврдена и од Министерството за надворешни работи.