Нејзината мајка, 61-годишната Патрисија Сан Мартен исто така загинала во масакрот. Кога започнало пукањето, и Елза и Патриција се фрлиле над 5-годишниот Луј, очајнички обидувајќи се да го заштитат од куршумите.
“Елза Делплас и нејзината мајка Патрисија починале во петокот под дождот од куршуми во салата “Батаклан””, напишала пријателката на Елза, Сихем Суид во соопштението за француското списание Poan.
“Со неа бил и нејзиниот син Луј. Луј бил пронајден во болницата “Венсен”, вознемирен, исплашен и прекриен со крвта на неговата мајка, која сакала да го заштити од куршумите”, додала таа.
“Елза беше весела личност, која секогаш имаше насмевка на усните, дури и кога ѝ беше тешко. Се занимаваше со добротворна работа, учествуваше во културни и уметнички активности. Прекрасно свиреше на виолончело. Беше и голем борец против неправдата. Мислам дека целото семејство беше такво. Нејзината мајка, Чилеанка, побегнала од диктаторскиот режим на Пиноче”.