Хичкок во живо: Птици ја окупирале куќата на оваа жена


Еден жител на Калифорнија со денови се соочува хорор сцени од филмот „Птици“ во својот дом, пренесува CNN.

Кога во петокот 25 април, Ширли Браун влегла во нејзината куќа, не можела да си поверува на своите очи. Внатре имало стотици птици.

1263825-ptice– Тие дојдоа од никаде. Имаше 200-300. Крикнував неколку пати. Се обидов да ги исплашам. Тоа беше неверојатно – рече Ширли Браун. Птици беа насекаде, во кујната, на таванот, под каучот, зад телевизија, вентилатор…

Орнитолозите откриле дека се работи за птицата „Мала пиштарка“, кои влегле во куќата преку оџакот.

-На најстрашното е тоа како влегле и каков неред направија, бидејќи тие беа уплашени, рече Браун.

Таа се обидувала да исчисти со правосмукалка.

– Кога го сторив тоа, ги исплашив и тие почнаа да излегуваат низ оџакот и ги бркав тие црни птици низ целата куќа. Беше лудо. Претпоставувам дека тие дојдоа тука за да се скријат од невремето што доаѓаше – рече Ширли.

Но, од тоа Петок, птиците секоја вечер за околу 20 часот се враѓае во нејзиниот дом. Интересно е што иако во близина има неколку куќи со оџаци, птиците постојано ја бирале нејзината.

– Мислам дека со промената на времето ќе си одат. Се надевам – рекла жената.

За разлика од оние на филмот, овие птици не биле агресивни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1