Деталите за имотните декларации се објавени по барање на анонимен претставник од предизборниот тим на Хилари Клинтон.
Откако таа ја напушти функцијата државен секретар во 2013 година, хонорарот за еден говор и е до 250 илјади долари. Хилари добила и околу пет милиони долари од продажбата на својата книга Тешки одлуки која беше пуштена во продажба во јуни минатата година. Таа е водечки кандидат на Демократската партија за номинација за претседателските избори во 2016 година.