Хилари сака да ја гушне Меган и да ја утеши поради третманот од јавноста


Поради „расистичкиот“ и „сексистичкиот“ третман од јавноста, Хилари Клинтон рече дека сака да ја гушне Меган Маркл и да ја утеши.

– Кога беше објавена нивната веридба, расата беше главната тема. Самата помисла дека некои главни медиуми допуштија тоа да се печати и да биде објавено е страшно и погрешно – вели Клинтон во едно интервју.

Таа додава дека се чувствува како мајка која сака да си го гушне детето.

– О, Боже, само сакам да ја гушнам! Сакам да ѝ порачам да издржи, да не дозволи негативците да ја уништат. Продолжи да го правиш она што мислиш дека е правилно – додаде Хилари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1