Поранешната американска прва дама, државна секретарки и демократска кандидатка на претседателските избори, Хилари Клинтон (70), овие денови се наоѓа во Индија каде ја промовира новата книга „Што се случи“. Меѓутоа, за малку ќе се повтореше сценариото од Лондон каде пред 5 месеци скрши прст од ногата.
Овој пат Клинтон слегувајќи низ скали во Индија, два пати се лизна, но ја задржаа телохранителите кои од двете страни цврсто ја држеа за раце.
Снимката од незгодата, секако на интернет стана вистински хит. Хилари после второто подлизнување одлучи за секој случај да ги соблече сандалите и да продолжи боса.
Ова не е првпат камерата да ги забележи нејзините падови. Последн пат тоа се случи во Лондон кога го скриши ножниост прст, а тогаш се правдаше дека брзала, а била на високи потпетици. Исто така, во септември минатата година Хилари ја придржуваа додека одеше кон автомобилот, а потоа е соопштено дека политичарката боледува од запаление на белите дробови.
Во октомври 2016 во текот на влегувањето во авион за Северна Каролина, Клинтон изгуби рамнотежа, а осум месеци подоцна во Јужна Каролина се сопна на скали додека беше во посета на поранешни затвореници и зависници.
Падот од 2013 година имаше тешки последици – во својот дом во Вашингтон доби потрес на мозок. Две години пред тоа, се сопна при влегување во авионот со кој леташе за Јемен.