Познат е обичајот на оставање на крпа на плажа за да се зачува место, но необична е глетката кога некој ќе дотурка кревет на морскиот брег.
Токму тоа се случило на задарската плажа Коловаре, каде вниманието го привлекол кревет „паркиран“ помеѓу крпите и чадорите за сонце, пренесува хрватски „Индекс“.
Фотографијата на Фејсбук групата „Дневна доза од просечен Далматинец“ каде за помалку од еден час собрала речиси 4.000 лајкови.
Многумина во коментарите се прашувале која била идејата да се направи ваква лудост, а некои дури си помислиле дека можеби станува збор за желба на некој болен од блиската болница во Задар за да ужива на плажата.На креветот наводно имало и камера па можно е да интернет наскоро да се појави и снимка која ќе го објасни овој необичен потег.
Сепак, нема сомнежи дека овој кревет денес е најнеобичниот морски реквизит на една од најпрометните плажи во Задар.