Хитлер бил наркоман, пореметен и имал деформирани гениталии


Според новиот бомбастичен документарен филм на Нешнел џиографик, Хитлер бил манијакално-депресивен хипохондрик, со деформирани полови органи, кој дневно консумирал и по 80 најразлични супстанции, вклучувајќи отров за глувци, амфетамини, морфиум и сперма од бик. Покрај тоа, во времето кога уби милиони невини луѓе тој шмркал кокаин во прав за да „ги прочисти синусите и да си го смири грлото“, а во очите си ставал капки со 10 проценти кокаин.

hitler dokumentarecТВ-документарецот на Нешнел џиографик е базиран на неодамна откриени белешки и писма од дебелиот личен лекар на нацистичкиот лидер, д-р Теодор Морел.

Во очајнички обид да им покаже на своите следбеници дека е олицетворение на мажественоста, германскиот лидер висок 172 см пиел повеќе од 80 различни лекови секој ден – шокантна навика за која некои психијатри и историчари сметаат дека го претворила егоманијакот во садистички масовен убиец.

Според ирски Мирор, во Америка биле објавени серија писма и медицински извештаи на Хитлер запленети од американската армија по војната, а меѓу нив имало и интервјуа со шесте лекари на фирерот, вклучувајќи го и Морел.

hitler dr miler

Во доверливиот извештај од 47 страници е наведено Хитлер имал хроничен егзем, постојани грчеви во стомакот и ужасна надуеност.

Никој не бил во можност да ги излечи маките на лидерот – сè додека Морел не му пропишал жива бактерија што му ги олеснила грчевите.

Воодушевениот Хитлер го направил Морел свој личен лекар цели девет години, иако неговите помошници „рајхмајсторот на инјекциите“ го нарекувале „шарлатан“ и „измамник“. Извештаите покажуваат дека Хитлер шмркал кокаин во прав за да ги „исчисти своите синуси и да си го смири грлото“, а во очите ставал капки со 10 проценти кокаин.

Во неговото шкафче за лекови контроверзниот доктор чувал масло за чистење пиштоли, кое било забрането во човековата исхрана, и апчиња за надуеност направени од отров за глувци.

hitler ludВо извештајот, исто така, пишува дека Морел му давал на Хитлер инјекции со екстракти од сперма од млади бикови за да го зголеми неговото либидо, за тој да може да ја задоволи својата многу помлада љубовница.

„Морел му давал на Хитлер напивка наречена тестовирон, еден вид напивка од тестостерон, обично пред Хитлер да треба да ја помине ноќта со Ева Браун“, вели историчарот Ричард Еванс од универзитетот Кембриџ.

Белешките на Морел исто така откриваат дека диктаторот се плашел од канцер и бил параноичен и во однос на обичната настинка.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1