Хокинг: Нема да преживеете ако не побегнете од оваа планета (Видео)


Еден од најпознатите светски физичари Стивен Хокинг повторно предупредува дека на човечкиот вид му се заканува изумирање доколку не најдеме начин за преживување во вселената.

Tan2013-4-10_8057755_16Хокинг тврди дека Земјата е премногу чувствителна да го поднесе товарот од штетите што и ги нанесуваат луѓето.

„Мораме да тргнеме во вселената и да најдеме некое ново место”, изјави Хокинг за Лос Анџелес Тајмс.

Според него, човештвото нема да преживее уште 1.000 години ако не побегне од Земјата. Хокинг оваа изјава ја даде за време на предавањето во кедар-Синаи институтот, каде што го проучувал влијанието на терапијата со матични клетки на заболените од Лу Гехриговата болест, која и него го има приковано за инвалидска количка.

Хокинг веќе со години тврди дека човечката раса мора да најде нова планета за живот, а во 2011 година рече дека „единствена шанса за опстанок на подолг рок е да престанеме да се криеме на Земјата”

Погледнете го документарниот филм за Хокинг

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1