Холандскиот забар Јакобус Ван Ниероп (51) е осуден во Франција на осум години затвор, за осакатување на устата на околу 120 негови пациенти.
Ван Ниероп, кого француската јавност го нарече „хорор забар„ според француското обвинителство, намерно исо задоволство предизвикал страшни повреди на пациентите, во неговата ординација, во малиот француски град Шато Шинон.
Во текот на судењето беше обелоденето дека забарот им предизвикувал скршеници на вилицата, абцеси и септикемија на лугето кои доаѓале кај него барајќи здравствена заштита.
Обвинителот изјави дека сето она што Ван Ниероп го правел било сосема бескорисно и многу болно за пациентите.
Сведоци-негови жртви го обвинуваа дека на некои од нив им вадел и по осум заби одеднаш, без никаква потреба, оставјќи ги потоа да крвараат со денови.
Пациентите кои доаѓале кај него прво ги успивал, а потоа врз нив се изживувал додека тие спиеле на неговиот забарски стол.
Судот му забрани да се занивама со својата професија и да плати казна од 10,500 евра.
Прв пат бил уапсен во 2013 година, но пред да почне судењето побегнал во Канада. Од таму беше префрлен во Франција, откако француските власти побараа екстрадиција за него.
Во текот на судењето тој нема покажано никаква грижа на совест или каење, а на сите обвинувања од сведоците рекол дека нема што да коментира